Попладнево изби пожар во една од најпознатите катедрали во Париз, Нотр Дам. Густи облаци се надвиснуваат над катедралата, а противпожарни возила се обидуваат да ја спасат. Се уште не позната причината за пожарот и дали можеби е подмеднат. Првичните инфортмации говорат дека пожарот најверојатно е предизвикан од градежни зафати кои во момнентот се одвивале во внатрешноста на велелепното здание.

Пред малку падна врвот на катедралата,а во пламен е речиси целата конструкција

За среќа во тоа време немало туристи во објектот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека е „многу емотивно за целата нација” да ја гледа катедралата Нотр Дам зафатена од огнени јазици и како се урива нејзината кула.

„Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва”, напиша Макрон на Твитер и воедно изрази солидарност со „сите католици и Французи”.

Макрон за 20 часот имаше закажано редовно обраќање пред новинарите за состојбата на нацијата, но го откажа поради големиот пожар во Нотр Дам.