Многу е ретко да се види шеф на држава како што е случајот со претседателот на Еквадор Ленин Морено (66) како лежи опуштен во кревет, покриен до половина и богато поставена маса за ручање: јастог декориран со магдонос и парчиња лимон.

Дали токму таа фотографија е причината Џулијан Асанж (47) да биде избркан од еквадорската амбасада во Лондон?

Да, вели „Њујорк пост“, затоа што фотографијата предизвикала многу проблени во Еквадор. За многу граѓани не било забавно тоа што нивниот претседател, најверојатно на сметка на даночните обврзници, добро си живее, додека луѓето страдаат од се потешките владини мерки за штедење.

Морено го обвинил Викиликс дека ја објавил таа фотографија снимена во хотелска соба и тоа бил пресудниот момент да ја донесе одлуката за Асанж.

Човек ко добро го познава претседателот Ленин Морено изјавил за „Њујорк пост“ дека „тој е многу тивок човек, но кога ќе се налути тогаш е многу самоуверен“.