Германското Министерство за здравство бара совет дали да го пролонгира давањето на втората доза од вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНтек, со цел што поголем број луѓе да добијат прва доза.

Според податови на Институтот Роберт Кох во Германија од 27 декември досега се вакцинирани 239.000 граѓани. Министерството за здравство побара мислење од Независната комисија за вакцинација дали да ја одложи другата доза на подолг временски период од 42 дена, откако слична мерка е преземена во Велика Британија.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан вчера беше критикуван бидејќи не се дистрибуирани доволно вакцини, како и поради бавноста при масовното вакцинирање на населението