Германија планира усвојување мерки со кои би се овозможило побрзо и поефикасно протерување на мигрантите кои илегално престојуваат во земјата, тврди весникот „Билд ам Зонтаг“.

Според магазинот, една од мерките предвидува мигрантите чие барање за азил во Германија ќе биде одбиено, до заминувањето од земјата, да мораат да им пријават на властите секогаш кога некоја ноќ нема да ја минат во регистрираното место за престој.

Втора можна мерка, според „Билд ам Зонтаг”, е одбиените баратели на азил да мораат својата пошта да ја подигаат со чип картичка, со што ќе може лесно да се потврди дека ја примиле одлуката за протерување од Германија.

На ваквите тврдења на весникот, рагираше германското Министерство за внатрешни работи демантирајќи ги наводите, но потврди дека „интензивно работи“ на закон за полесно протерување на илегалните мигранти.