Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон потпишаа нов договор за геманско-француска соработка со кој се обновува повеќедецениското пријателство меѓу двете земји.
Договорот е потпишан во градот Ахен во западна Германија. Точно 56 години од кога Конрад Аденауер и Шарл Де Гол го потпишаа Елисејскиот договор за помирување.
Популизмот и национализмот растат во сите наши држави. Се соочуваме со растечки тенденции на протекционизам, а меѓународната соработка минува низ тежок период. Седумдесет и четири години од крајот на Втората светска војна, а она што изгледа очигледно само по себе повторно се доведува во прашање. Овој договор треба да претставува приближување во создавањето европска војска, рече Меркел.
Макрон пак зборуваше за растечкиот бес во европските држави и притисокот од надвор. И на според него неоснованите тврдења на десницата дека со тој договор Франција ќе и го отстапи на Германија местото во Советот за безбедност.
Целта на дооговорот е да се поттикне прекуграничната соработка на границата долга 450 километри, но и да се подобри координацијата меѓу двете земји за справување со климатските промени и тероризмот. Исто така Германија и Франција заедно ќе ги приоближат економските и одбранбените политики. Во една од клаузулите се споменува и заедничка одбрана во случај на напад, сличен на моделот на НАТО.
Comments are closed for this post.