Граѓани на Штутгарт веќе неколку денови во центарот на градот собираат донации за бегалците од Украина кои веќе пристигнуваат во Германија.
Донира секој колку може, најчесто храна, облека, храна за бебиња. Центрите за помош се полни со пакети и чекаат да бидат испорачани на бегалците од војната. „Pressing TV“ дојде до фотографии како Германците се подготвуваат за бегалската криза.
Целата работа ја координира германскиот црвен крст. Се подготуваат и кампови доколку бројот се зголеми.Камповите ќе бидат опремени со сите неопходни услови, машини за перење алишта и тоалети.
Дополнително, во речиси целата земја се собираат и парични средства па германските граѓани уплаќаат по 250 евра помош за беглаците.
Comments are closed for this post.