Француското обвинителство започна истрага околу извор на финансии во предизборната кампања на претседателот на Франција Емануел Макрон во 2017 година во висина од 144 илјади евра, тврди извор од обвинителството, пренесува Ројтерс.

Изворот наведува дека истрагата е започната откако француската Национална комисија за трошоци за кампањата и политичко финансирање не успеа да влезе во трагата на поединечни донации на политичката партија на Макрон.

Паричните средства чии извор е непознат претставува само мал дел од буџетот за изборната кампања на Макрон, за која се издвоени 16,8 милиони евра.

Партијата на Макрон не одговори на барањето на Ројтерс да ги прокоментира наводите на изворот од обвинителството.