Турскиот сајт Хабертурк за прв пат по убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги ги објави неговите последни зборови забележани на денот на бруталното убиство.

Хашоги беше убиен во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека турските служби не го прислушувале диломатското претставништво, но не кажа на кој начин дошле до аудиоснимката од убиството и последните минути од животот на Хашоги. Запрашан дали службите ќе ја објават целосно снимката, тој рече дека во моментот немаат таква намера, но оти се зависи од обвинителството.

Повикувајќи се на снимката, Хабертурк објави дека Хашоги бил нападнат уште при влегувањето во зградата. „Пуштете ми ја раката! Што си замислувате дека правите?„ извикал саудискиот дисидент, кој во зградата отишол по брачни документи. Цели 11 минути се слушале тепањето и тортурата, по што настапил долг молк-повеќе од еден час. Турските служби се сомневаат дека саудиските убијци се обиделе да го задушат сигналот од конзулатот.

Во текот на истрагата стана јасно дека маж, кој надворешно наликувал на Хашоги, потоа се преоблекол во неговите алишта за да ги доведе во заблуда турските служби. На снимката се слушало како тој вели дека е морничаво да носи облека на човек, кој бил убиен пред 20 минути. Тој се жалел дека чевлите на Хашоги му биле мали, по што лице од тимот убијци му рекол да излезе со негови патики. Едно од најактивните лица по Хашоги извикувал „предавник„.