Патнички авион кој денеска слета на пистата на меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва прегази човек кој загинал на самото место, соопшти претставничката за медиуми на аеродромот Ана Захаренкова.

Патничкиот авион кој пристигна од Атина слета на пистата и додека се движел екипажот на авионот пријави судир со неидентификуван објект. По пријавата пронајдено е тело на човек, чија облека и лични работи беа расфрлани насекаде, соопшти Захаренкова, а пренесува Тасс.

Мажот е идентификуван а полицијата известена за инцидентот.