Четиринаесет земји членки на Европската унија го прифатиле новиот „механизам за солидарност“ кој го предложија Германија и Франција за распределба нa мигранти внатре во ЕУ.
Информацијата синоќа ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, по состанокот во Париз на министрите за надворешни работи на ЕУ, каде било разговарано за прашања поврзани со мигрантите и безбедноста.
„Заклучокот од состанокот е дека во принцип 14 земји членки во оваа фаза изразија поддршка за француско-германскиот договор, рече Макрон.
Тој не откри детали од новиот договор, но рече дека оваа иницијатива ќе делува „брзо и автоматски“.
Извор близок до француското претседателство изјавил дека јасна намера да го применат новиот систем покажале Финска, Луксембург, Португалија, Литванија, Хрватска и Ирска.
Comments are closed for this post.