Француската влада донесе одлука да ја укине мерката со која предвидуваше зголемување на таксите на горивата, јавуваат светските медиуми.

Како што се наведува, премиерот Едуар Филип објавил дека таквата одлука е донесена, ден откако се предвиде таквата мерка да се суспендира на шест месеци.

Неименуван функционер од Елисејската палата порачал дека францускиот претседател Емануел Макрон претходно одлучил да се повлече предлогот за зголемување на данокот на гориво после повеќенеделните протести низ земјата и најголемите нереди кои Париз ги доживеа по повеќе децении.

Премиерот во парламентот рече дека „данокот е отфрлен“ од буџетот за 2019 и дека владата е „подготвена за дијалог“.

Буџетот може да биде менуван за време на целата година.

За време на тринеделните протести четири лица го загубија животот.