Комитетот на Обединетите нации за човекови права денеска соопшти дека Франција со забраната за носење никаб на јавни места ги крши човековите права.

Тврдењето на Франција дека забраната за покривање на лицето е неоходна од безбедносни причини или заради постигнување на соживот во друштвото не беше доволно уверливо за членовите од комитетот од ОН, пренесува Ројтерс.

Комитетот кој е составен од независни експерти соопшти дека Франција има 180 дена да поднесе извештај со намерите зошто се одлучила на ваков чекор.

Која е разликата помеѓу бурка и никаб?