Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека од утре Франција ќе ги затвори границите со државите што не се членки на Европската унија.

Влез во Франција од земји надвор од блокот на ЕУ ќе биде дозволен само во случај на крајна потреба, а забраната за патување е обид да се ограничи ширењето на новите мутации на коронавирусот и да се спречи воведување нови рестрикции во државата.

Сите посетители од ЕУ ќе мора да направат негативен ПЦР-тест при влез во Франција.

Ги знаеме тешките последици од блокадата. Ги прегледавме податоците од изминатите неколку дена и веруваме дека се уште имаме шанса да избегнеме нова блокада, нагласи Кастекс.

Тој додаде дека „следните неколку дена ќе бидат одлучувачки“ во однос на можните нови ограничувања.

Во обид да се запре бројот на нови инфекции, премиерот рече дека големите трговски центри ќе бидат затворени од недела и дека ќе се засили спроведувањето на сегашниот полициски час.

Ќе бидат мобилизирани повеќе полицајци за да проверуваат евентуално непочитување на полицискиот час, организирање тајни забави и нелегално отворање ресторани, нагласи тој