Денeс е финалето на политичката Евровизија – во 18 часот во хемисајклот во Стразбур каде што треба да седнат 751 европски пратеник ќе се гласа за изборот на Геманкаат Урсула фон Дер Лајен за претседател на Европската комисија. Таа е веќе спрема да го фати кормилото во Брисел, зашто уште вчера си поднес оставка на функцијата министер за одбрана во владата на канцеларката Ангела Меркел. На тоа Меркел можеше само да каже – ја почитувам нејзината одлука.
На Дер Лајејн денес ќе и бидат потребни 374 гласови за да биде избрана, затоа што од вкупно 751 избран европратеник четворица ќе недостасуваат.
Во својот денешен говор пред ЕП, таа изнесе значително силна зелена боја, германските медиуми дури нагласуваат дека таа отишла во лево, означувајќи го павецот на европските политики во намалувањето на емсиите на стакленични гасови, потоа одбрната на Европа, миграциите…а прошпирувањето го остави за некоја фуснота.
Секако, покажа и добродупност кон Британија, нудејќи им повеќе време за преговори за излез од ЕУ.
До скоро единствен кандидат за наследник на Јункер, Манфред Вебер, кој испадна од игра зад кулоарските преговори, рече дека „фон Дер Лајен сигурно ќе добие убедливо мнозинство гласови“. Со други зборови тоа може да значи дека е избегнат „бунт на бродот Баунти“, односно европратениците, или барем мнозинство од нив, ќе гласаат не толку по своја волја, туку за мир во куќа. Оа значи дека освен групата народни партии ЕПП, поддршка ќе добие и од социјалдемократските и либералните партии, односно од силата која доаѓа – Зелените, и веројатно затоа толку нагласена „зелена политика“ во Брисел.
Сепак, на крајот на денот ќе остане да се види колу пратеници не и дале поддршка. Се знае дека голем број ќе бидат од партиите на екстремната десница, од националистите од Источна Европа, плус од евроскпетиците од Британија – па прашањето е дали изборот за Урсула фон Дер Лајен, која би стнала прва жена претседател на ЕК, ќе биде со голем прашалник за нејзиниот легитимитет, а со тоа и удар врз европските демократски вредности?
Comments are closed for this post.