Жители на Сао Паоло утврдиле дека несакајки купиле кокаин. Тоа го дознале кога ги отвориле купените кутии за сапун во праф, јавува Би-Би-Си.

Објавувајќи фотографии од запленетата дрога, полицијата соопшти дека барем 80 килограми кокаин биле откриени во магацинот на супермаркетот.

Детективите веруваат дека супермаркетот, што го продавал сапунот, е алка во трговијата со дрога. Според една од верзиите, кутиите биле по грешка оставени на гондолите.