Неколку лидери на ЕУ се изолираа откако беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус.
Премиерот Жан Кастекс, ќе биде во 7-дневен карантин, бидејќи тој имал контакт со Макрон, иако досега не покажал никакви симптоми.
И сопругата на претседателот Брижит Макрон досега не покажала никакви симптоми, соопштија од нејзината канцеларија.
Под карантин е и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој во понеделникот се состанал со Макрон во Париз на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тој во вторникот имал негативен тест за КОВИД-19.
И Шпанскиот премиер Педро Санчез присуствувал на истиот форум во Париз, па така и тој влегува во карантин.
На крајот на минатата недела, Макрон учествуваше на самитот на ЕУ во Брисел.
Белгискиот премиер Александар де Крој е тестиран и ќе биде во изолација се додека не се дознае резултатот.
Сепак, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема да биде ставена во карантин, рече портпаролката.
Comments are closed for this post.