ЕУ, во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО), започна нов регионален проект вреден повеќе од седум милиони евра за поддршка на безбедна и ефективна вакцинација на населението од Западен Балкан.

Европската комисија наведува дека овој проект ќе помогне во подготовката на земјите од Западен Балкан за ефикасен прием и примена на вакцините КОВИД-19, вклучувајќи ги и оние добиени од системот КОВАКС и преку механизмот на ЕУ за споделување на вакцините со земјите-членки на ЕУ.