Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас.

Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.

– Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија.

– Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.

Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти.

Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион