Турскиот претседател Реџеп Ердоган постави камен темелник на првата црква што треба да се гради во денешна Турција по распадот на Отоманската империја.

Храмот во Истанбулското предградие ќе и служи на сириската христијанска заедница.

„Должност на Турската Република е да обезбеди место за богослужба на сириската заедница, кои се антички деца на овие географски широчини“, рече Ердоган за време на официјалната церемонија. Тој рече дека се надева оти изградбата на храмот ќе ја заврши Ефрем во рок од две години.

Сириските христијани ги почитуваат источните христијански традиции и се молат на арамејски јазик, за кој се смета дека го зборувал Исус.