Германската полиција е соочена со енигма која треба да ја реши – кој ги убил и зошто трите лица пронајдени во една куќа во Пасау – еден маж на 53-годишна возраст и две жени на 33 и 30 години биле пронајдени мртви со стрели во телата. Пронајден е и еден самострел.

Но, случајот со самострелот почнал да се одмотува и денес, еден ден откако биле пронајдени трите тела – во една куќа во Гитинген, чиј сопственик бил еден од застреланите, биле пронајдени уште две женски тела.

Во меѓувреме, денес почнала аутопсијата на трите тела, најверојатно убиени со стрели, а резултатите се очекуваат утре.

Според полицискиот извештај, мажот и 33-годипната жена лежеле во кревет, додека втората жена била пронајдена на под. Како друг елемент во истрагата, полицијата наведува дека е пронајден уште еден самострел спакуван во торба, кој најверојатно не бил употребен.

Трите лица ги пронашол вработен во пансионот.