Претседателот на Еквадор, Ленин Морато, изјави дека Велика Британија понудила доволно гаранции дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да биде испорачан на некоја
земја, каде што би му се заканувала смртна казна.

Патот е отворен за Асанж да донесе одлука да замине, изјави Морено во радио интервју.

Тој посочи дека британската Влада дала писмени гаранции дека нема да го екстрадира Асанж на некоја земја каде може да биде соочен со смртна казна.

Морато не соопшти дали на Асанж, кој од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, ќе се врши притисок да ја напушти Амабсадата, но рече дека правен тим ги разгледува следните чекори.