Учител што бил на замена, кој им предавал на првачиња во американскиот град Њу Џерси доби отказ откако на децата им кажал дека не постои Дедо Мраз.

Тој на учениците од „Сидер Хилс“, исто така им рекол дека, како и Дедо Мраз, измислени се и Велгденскиот зајак и Вилата за заби, ликови што се широко прифатени во американските семејства.

Окружната школска началничка, Рене Ровтар, потврди дека неименуваниот учител веќе не работи во тоа училиште.

Како причина за одлуката, таа истакна дека треба да се разбере важноста на „детското чудење и фантазија“, па на Твитер постави фотографија со Дедо Мраз, со порака: „Јас верувам“.