Екстремно десничарската партија, Алтернатива за Германија (АФД), за првпат во анкетите на јавното мислење е пред владејачката Социјалдемократска партија (СПД) и во моментов е вотрата најпопуларна партија во Германија.

Ова го покажува анкетата спроведена од јавниот сервис АРД, во кој исто така се покажува големиот пад на популарноста на демохристијанската канцеларка, Ангела Меркел.

Доколку идната недела се одржуваа сојузни избори, демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ ќе освоеше 28 отсто од гласовите, што би било најслаб резултат откако во 1996 година се спроведува оваа анкета. СПД би освоиле 17 отсто, АФД 18 отсто од гласовите, што е досега најдобар резултат за оваа партија – стои во испитувањето „Дојчландтренд“ што за потребите на јавниот сервис АРД го спроведе институтот Емнид.

Од последното испитување пред две недели, АФД го подбри рејтингот за два проценти, а партиите на владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и СПД загубија по еден процент од гласовите.