Најмалку 22 лица се повредени во експлозија што избила во кафуле во рускиот град Саратов.

Првично не е позната причината за експлозијата.

Од 40 лица кои се наоѓале во кафулето, повредени се 22. Меѓу нив се и двајца малолетници. Хоспитализирани се 14 лица – соопштија од руското Министерство за вонредни ситуации.