За прв пат испрашуван во судот, поранешниот претседател на Судан, Омар ал Башир рече дека принцот Мохамед бин Салман му испратил 25 милиони американски долари преку приватен авион.

Властите во Судан на ал Башир му запленија речиси 10 милиони евра кои тој илегално ги стекнал и употребувал.

Судот во Катрум го обвини Башир за илегално поседување и користење странски валути, а би можел да биде осуден до 10 години затвор за поседување на тие пари и до три години за илегални трансакции, пренесува Ал Џезаира.

Властите запленија 6,9 милиони евра, 351.770 долари и 5,7 милиони судански фунти во куќата на Башир, средства кои се илегално стекнати и употребувани, изјави судијата Ал Адик Абделрахман.

Судењето на поранешниот претседател на Судан почна на 19 август, два дена по потпишувањето на договор за формирање на преодна влада помеѓу армијата и демонстрантите.

Суданската армија го собори Башир од власт на 11 април откако беше на власт 30 години.