Едно лице загина, а едно е повредено при оружен напад во ресторан во центарот на Виена, соопштија австриските власти.

Како што јавија медиумите, брзо по нападот, полицијата привела еден човек осомничен за нападот.

На местото на нападот веднаш пристигнале медицински екипи и припадници на антитерористичка единица на австриските безбедносни сили. Над центарот на градот прелетува полициски хеликоптер.

Поради вооружениот напад зајакнати се полициските патроли, а повеќето улици се блокирани.