Бројот на загинати рудари од експлозијата на метан во рудник за црн јаглен во југоисточна Чешка која се случи вчера попладне, е зголемен на 13, објави компанијата.

Портпаролот на компанијата ОДК, Иво Целечовски соопшти дека 12 од загинатите биле од Полска, а еден од загинатите е Чех. Уште десет рудари се повредени во експлозијата што се случи вчера во близина на градот Кравина.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда прогласи ден на жалост во недела. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки заедно со неговиот чешки колега, Андреј Бабиш, денеска го посетија рудникот каде се случи несреќата. Маровјецки изјави дека „според нивно сознание…подземја уште има пожар, многу висока температура, и голем ризик од последователни експлозии“.

Експлозијата се случила на 800 метри под земја.

Претставник на рударскиот сектор во Чешка изјави дека нивото на метан во моментот на експлозијата било за четири ипол пати повисоко од дозволеното.