Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата годишна прес-конференција. Поради епидемиолошката состојба, прес-конференцијата овој пат ќе се одржи преку видео пренос, на која претседателот ќе се приклучи од неговата резиденција во Ново-Огариово. Членовите на националните федерални и странски медиуми ќе бидат поканети во истата конференциска сала на Светскиот трговски центар како и претходните години.