Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека се состанал со коосновачот и извршен директор на компанијата Твитер, Џек Дорси.


Одличен состанок ова попладне во Белата куќа со Џек од Твитер. Разговаравме за многу теми, за нивната платформа и општо за светот на друштвените мрежи. Се радувам на продолжување на отворениот дијалог, порача американскиот претседател на Твитер.

Претходно, денеска Трамп повика на формирање повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која, како што рече, како републиканец ја чувствува од страна на компанијата Твитер.