Полската влада усвои нацрт-закон со кој се предвидува укинување на патарините за патничките возила на автопатиштата од јули.

Ние изградивме автопатишта првенствено за да им служат на луѓето, а не да бидат машина за правење пари. Отворените порти (патарините) најдобро ќе ја симболизираат нашата политика – рече премиерот Матеуш Моравјецки.

Со новата мерка, подготвена од министерствата за инфраструктура и финансии, ќе се овозможи да се прекине наплатата на патарините на државните автопатишта.

Министерот за инфраструктура Анджеј Адамчик рече дека мерката се однесува на автопатиштата кои се веќе во употреба и каде има наплата.