На социјалните мрежи е објавено увознемирувачко видео создадено на фронтот во близина на источниот украински град Бахмут!

На видеото кое е снимено од извидувачки дрон, наводно се гледа како припадници на украинската армија ги собираат телата на нивните паднати соборци по битката. Се гледаат тројца војници како со голема брзина излегуваат од возилото и го ставаат телото на загинатиот војник во приколката.

Застрашувачки е што во камионската приколка веќе има толку многу тела на загинати војници што е невозможно да се избројат.