Британскиот Врховен суд денеска ќе донесе одлука за тоа дали налогот на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска, соопшти таа институација.

На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира работата на Парламентот, што неговите противници го оценија како потег со кој би се спречило да биде блокирана неговата намера да ја изнесе земјата од ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Сепак, Џонсон рече дека целта на суспензијата е да му се даде време да донесе нова законодавна агенда за Брегзит.

Врховниот суд одржа тридневно сослушување за случајот минатата недела.