Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во понеделникот го назначи кардиологот Марсело Квеирога за нов министер за здравство, додека бројот на новозаразени и смртни случаи од ковид-19 продолжува да расте во земјата.

Квеирога е четвртиот бразилски министер за здравство од почетокот на пандемијата. Единиците за интензивна нега во 25 од 26 бразилски државни метрополи работат со полн или речиси полн капацитет, а бројките не покажуваат знаци на забавување.

Бразил го пријави вториот најголем број заразени и починати од коронавирусот во светот, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Претходникот на Квеирога, генералот на бразилската армија Едуардо Пазуело, беше министер за здравство помалку од една година, но во последните неколку недели беше критикуван во врска со недостиг од вакцини против ковид-19.

Тој исто така се соочи со истрага за недостиг од кислород во главниот град на државата Амазон, Манаус, забележува Си-ен-ен.

279.286 Бразилци починаа од ковид-19, а над 11,5 милиони се тестирани позитивно на вирусот заклучно со понеделникот вечерта, според Џон Хопкинс