Тенерифе, едно од најпознатите туристички места во Шпанија, деновиве е погодено  од силно невреме проследено со огромни бранови.

На социјалните мрежи се објавени снимки од огромни бранови што удираат во крајбрежјето и комплексот згради долж брегот.

Снимките ги покажуваат брановите кои удираат во зградата сè до третиот кат, и како што се гледа на видеото, брановите значително ги оштетиле балконите.