Шпански дилери се уапсени бидејќи имале намера да организираат божиќна лотарија, нудејќи кошница со кокаин, хашиш, алкохол, но и според традицијата и со дури осум килограми шунка.
При претрес на домови на дилери на дрога на истокот на Шпанија, полицијата пронашла плакат со најава за лотарија со наградата „кошница за дрога“. На ѕидот бил закачен и список на оние кои купиле ливчиња од пет и десет евра.
При полициската акција откриени се 165 насади марихуана, како и одредени количини кокаин и хашиш.
Comments are closed for this post.