Борис Џонсон е новиот премиер на Велика Британија и лидер на Конзервативците. На внатрепартиските избори, спроведени по оставката на Тереза Меј, Џонсон освои 92,153 гласови, наспроти неговиот противкандидат, Џереми Хант, со освоени 46,656 пратенички гласови.

„Големи привилегија и чест е да се биде избран за лидер на Конзервативната партија. Знам дека ќе има луѓе кои ќе ја преиспитуваат мудроста на овој избор, но ниту еден поединец или партија нема монопол на мудрост. Кампањата заврши и сега да се фатиме за работа. Имам неколку приоритети, но, пред сѐ, да се обединиме и да ѝ вратиме енергија на оваа држава“, изјави Џонсон.

Тој доаѓа на местото на Тереза Меј, која поднесе оставка откако нејзиниот план за брегзит во неколку наврати беше отфрлен во британскиот парламент.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе излезе од Европската Унија до 31 октомври, макар и без постигнат договор.