Девет деца загинале во експлозија на експлозивна направа во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, објавуја локалните власти.

Бомбата била поставена во близина на безбедносен контролен пункт, а за нападот се виновни талибанците, тврдат извори на агенцијата ДПА.

Во експлозијата, што се случила во округот Шерин Тагаб, повредени се и четири други луѓе, изјави член на регионалниот совет. Друг претставник на советот, пак, изјави дека мртвите биле осум, а повредените петмина.

Во извештајот од февруари Мисијата на ОН за помош на Авганистан се наведува дека во Авганистан во 2017 година биле убиени најмалку 3.438 лица и повредени 7.015 цивили.