Најмалку 20 луѓе загинале во самоубиствен бомбашки напад во авганистанската провинција Нангархар. Според првичните информации, цел на нападот биле група демонстранти кои блокирале магистрален пат што ги поврзува Џалалабад и градот Торхам, што се наоѓа на границата со Пакистан.

Авганистанската полиција соопшти дека протестот бил против локален полициски началник. Не е јасно дали напаѓачот знаел зошто протестирале луѓето што ги нападнал.

Првично ниту една радикална група не презеде одговорност за нападот.