Советникот за национална безбедност на Белата Куќа, Џон Болтон, ја предупреди Кина дека треба да биде внимателна околу потезите што ги прави во однос на настаните во Хонг Конг. Зборувајќи за „Гласот на Америка“ Болтон изјави дека се уште постои свежо сеќавање на репресијата на кинеските власти на плоштадот Тјенанмен и гласот што тогаш кинеските граѓани го пратиле за слобода и демократија.

Прашан дали САД ќе реагираат на некој начин во врска со ситуацијата во Хонг Конг, поранешната британска колонија до 1997 година, Болтон повика на намалување на тензиите.

Знаете дека Кина ги обвини САД за предизвикување на демонстрациите. Демонстрантите ги поврзаа со нас и истовремено објавуваа лични информации за нашите американски дипломати во Хонг Конг. Потребно е да се прекине со тоа – изјави Болтон.

Во Хонг Конг веќе неколку месеци се одржуваат протести против кинеските власти.