Новиот претседател на Бразил, Жаир Болсанаро даде заклетва каков претседателк на земјата, со ветување дека ќе води жестока битка против корупцијата.

Болсанаро го викаат „бразилскиот Трамп“, а една од причините е што тој ги почитува одлуките на американскиот претседател. Тој доаѓа на кормилото на земјата во период кога земјата помива криза на внатрешен план, а нацијата е сериозно поделена меѓу поддржувачите на најмоќните политички елити.

Во инаугуративниот говор вети дека ќе ја искорени корупцијата и лагите и оти ќе гради ефикасна држава која создава работни места и напредок.

Дека е близок со ставовите на Трамп, покажува и неговата најава дека наскоро бразилската амбасада во Тел Авив ќе ја пресили во Ерусалим. Но, се очекува, барем според најавите, тој земјата да ја приближи повеќе кон западните демократии, отколку да има цврсти контакти со нациите во развој.

Болсанаро во Парламентот дојде со возило со отворен покрив заедно со неговата сопруга.