Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден планира повторно да воведе ограничувања на патувањата за повеќето лица кои не се американски државјани, а неодамна престојувале на просторите на Европската унија, Велика Британија, Ирска и Бразил, потврдија во понеделникто од Белата куќа.

Пред заминувањето од должноста, републиканскиот претседател Доналд Трамп ги укина ограничувањата кои се однесуваа на патувањата. Но тимот на демократскиот претседател Џо Бајден покрај претходно набројаните ограничувања ќе воведе и дополнителни за лицата кои престојувале и во Јужноафриканската Република, каде се појави новиот сој на коронавирус кој, како и „британскиот“ сој, предизвикува загриженост кај научниците.

Со влошувањето на пандемијата и појавата на позаразните варијанти на вирусот по целиот свет, ова не е период за укинување на ограничувањата на меѓународните патувања, објави претходно преку Twitter портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Според советите на нашиот здравствен тим, оваа администрација нема намера да ги укине ограничувањата. Всушност, планираме да ги зајакнеме мерките во врска со меѓународните патувања, за да гоограничиме ширењето на коронавирусот, рече Псаки.