Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен денеска се сретна со канцеларот Себастијан Курц и порача дека ќе се заложи за одржување предвремени избори на почетокот од септември.

„Мора да се направи се за да се врати довербата на граѓаните, истакна по состанокот со Курц австрискиот претседател ван дер Белен .

Канцеларот Курц пак, подвлече дека планира „во мир” да продолжи да работи до изборите, а се уште не се знае дали министрите на коалициониот партнер до тогаш ќе останат во Владата, затоа што ниту тој, ниту претседателот не одговориле на тие прашања.

Тој вчера на претседателот на Австрија му предложи да распише предвремени избори во најбрз рок. Како причина за ваквата одлука ја наведе оставката на вицепремиерот Хајнц Кристијан и не можноста да постигне договор со водството на антиимигрантската Слободарска партија за продолжување на коалицијата.

Лидерот на Слободарската партија си поднесе оставка по објавувањето на видео снимка на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер и ветува државни зделки за финансиска поддршка на неговата партија.