Авион на компанијата „Ер Индија“ со 136 патници во него удрил во ѕид при полетувањето, но продолжил да лета со оштетен труп речиси четири часа. Двајцата пилоти што биле во кабината се суспендирани додека трае почната истрага на компанијата.

Авионот марка „Боинг 737“ летал од јужниот индискиот град Тричилапали кон Дубаи, но по полетувањето, официјални лица од аеродромот забележале дека авионот го закачил ѕидот што го оградува аеродормот. Тие контактирале со пилотите, коишто известиле дека сите функции во леталото работат нормално.

Сепак, како мерка на претпазливост, авионот бил пренасочен кон Мумбај.

По четири часа авионот слетал во Мумбај по што биле забележани големите оштетувања на авионот.

Патниците веднаш биле префрлени на друг лет за Дубаи.