Триесет лица почувствувале мачнина и почнале да крварат за време на лет од Мумбај до Џајпур во Индија, бидејќи пилотите најверојатно заборавиле да го вклучат системот за регулирање на притисокот, јавија индиски медиуми.
Тоа било причина авионот на „Џет Ервејз“, со 166 патници и петчлен екипаж, да се врати во Мумбај. На 30 патници, кои крвавеле од ушите и од носот, им е била укажана медицинска помош.
Panic situation due to technical fault in @jetairways 9W 0697 going from Mumbai to Jaipur. Flt return back to Mumbai after 45 mts. All passengers are safe including me. pic.twitter.com/lnOaFbcaps
— Darshak Hathi (@DarshakHathi) September 20, 2018
Според податоците од индискиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство, делот во авионот каде се што наоѓаат патниците не бил херметички затворен за време на летот.
Авиокомпанијата соопшти дека вработените, кои биле во авионот, ќе бидат суспендирани, додека трае истрагата на случајот.
Comments are closed for this post.