Една од двете писти на аеродромот ,,Шереметјево “ во Москва е затворена поради излизгување на авион.

Авионот , што требало да полета кон Прага со 40 патници и членови на екипажот , се излизга од пистата и заврши во полето. Од аеродромот соопштуваат дека ниеден од патниците и членовите на екипажот не е повреден.

Поради застојот предизвикан од инцидентот, 67 авиони се приземјени и доцнат со полетувањето и слетувањето.