Авион кој лета на релацијата Штутгард-Приштина, принудно слетал во Љубљана поради пожарот кој избил во текот на летот. Имено, за време на летот внатре во леталото избил пожар од кој пилотот на авионот се здобил со повреди но сеуште не се знае за колку тешки повреди станува збор.

Според информациите до кои дојде порталот „Газета Експрес“ авионот безбедно слетал на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден патник.

Од приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ не даваат никакви изјави, бидејќи, како шти вели, портпаролот на аеродромот, Унидон Красниќи, инцидентот не се случил кај нив и  не можат да се произнесат за некоја друга компанија“.