Граѓаните на Англија ќе прават бесплатно тестирање на коронавирус двапати неделно, објави британската влада. Бесплатно брзо тестирање досега беше достапно само за најранливите групи во пандемијата на коронавирусите.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека тестирањето е многу потребно за да не се загрози претходниот успех на британската кампања за вакцинација и постепеното олеснување на мерките.
„Бидејќи продолжуваме да напредуваме во нашата програма за вакцинирање и со нашиот план за внимателно олеснување на тековните мерки, редовното брзо тестирање е уште поважно за да се осигураме дека нема да потфрлиме“, рече Џонсон.
„Затоа сега нудиме бесплатни брзи тестови за сите во Англија“, објави британскиот премиер и им порача на граѓаните дека тоа ќе помогне за да можат повторно да се видат со роднините и фамилиите и да ги работат работите во кои уживаат“.
Компаниите со над 10 вработени ќе можат да бараат брзи тестови за своите работници, а редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата. Поединци ќе можат да бидат тестирани во локалните центри за тестирање или да нарачаат тест на нивната домашна адреса.
Велика Британија досега вакцинираше повеќе од половина од возрасните со „астра зенека“ и „Фајзер“ , а отворањето на училиштата во март не доведе до зголемување на инфекциите.
Џонсон денес треба да претстави планови за започнување на економијата и нови правила за влез во земјата.
Додека поголемиот дел од Европа повторно се затвора поради зголемувањето на заразата со коронавирус, британскиот премиер треба да ги претстави вестите за планот за постепено олеснување на мерките во наредните месеци.
Comments are closed for this post.