Се тргнало наопаку за американските војници на воената вежба во Романија откако тие успеале да се загубат и да нагазат на приватен имот, објави „Диги24“.

Инцидентот е и официјално потврден.

Американските тенкови кои учествувале на вежбите не успеале да ги следат дадените координати, па тргнале на непознат терен каде предизвикале вистинска паника меѓу локалното населние. Сопственикот на нивата бил толку престрашен што се јавил на европскиот број за итни случаи (112) при што кажа дека гледа тенкови во неговата нива. Тенковите му ги унишптиле пченките.

Инцидентот се случил на 20 јуни, а романското Министерство за одбрана тоа го потврди со сооппштение во кое наведува дека „американските текстови кои учествувале на вежбите на НАТО влегле во село по грешка заради лошите временски услови“.