Околу 260 илјади Сиријци се вратиле на територијата на северна Сирија, каде што Турција ја спроведе операцијата „Штитот на Еуфрат”, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Турската интервенција во Сирија се фокусираше на северниот дел на земјата, каде што се наоѓаа терористичката „Исламска држава” и Сириските демократски сили, во кои клучен дел се Курдските народни единици за заштита.

Акар, исто така изјави дека Турција ќе продолжи со своите операции во северен Ирак се додека не биде запрена терористичката закана за Турција.