Најмалку 11 луѓе се повредени при судар на регионален воз и камион со приколка што се случил во Сиплинген во Јужна Германија. Во време на несреќата во експресниот воз имало остотина патници.

При сударот, целосно бил уништен предниот дел од возот, а меѓу повредените се и машиновозачот и возачот на камионот.

Несреќата предизвика затворање на железничката линија на неодредено време.